17 Dec 2018
Перспективи на Заедницата за Спречување на Насилен Екстремизам во Македонија
Сè повеќе, владините стратегии за спречување и борба против насилниот екстремизам (P/CVE) се сметаат за неопходно дополнување на пошироките стратегии за борба против тероризмот. Ваквото вклучување е потврда дека еден чист “безбедносен” пристап не е целосно ефективен, и дека една стратегијата која вклучува “мек пристап” за борба против тероризмот мора да бара и решавање на социјалните фактори. Меѓутоа, во регионот на Западен Балкан – а особено во македонскиот контекст, стратегиите за спречување на тероризмот се бавни во усвојувањето на пристапите од P/CVE.
Authors
Filip Stojkovski, Natasia Kalajdziovski
Како такви, постојат недостатоци во литературата за P/CVE во Македонија. Истражувањата под белегот на P/CVE традиционално се фокусираат на факторите што доведоа до насилен екстремизам; додека овој вид на истражување е критичен, малку е направено за да се истражува длабоко во општествените наративи. Со оглед на “мекиот пристап” својствен на пошироката рамка на P/CVE, таков недостиг во истражувањето е проблематичен од гледна точка на креирање политики. Затоа, овој извештај дава квалитативна студија за тоа како динамиката на ниво на заедницата придонесува за случаи на насилен екстремизам и се обидува да обезбеди релевантни податоци за да им помогне на креаторите на политики да ги зајакнат заедниците за да можат да станат механизми на социјални промени во борбата против насилниот екстремизам.
За таа цел, во извештајот се испитуваат три општини кои се разликуваат во степенот на засегнатост во Република Македонија – Чаир, Гостивар и Струга – кои се сметаат за силно засегнати, умерено засегнати, релативно незасегнати од феноменот на насилен екстремизам, соодветно. Теренска работа преку употреба на полу-структурирани интервјуа и консултации со фокус групи беше спроведена, со цел за да се соберат податоци. Покрај тоа, овој извештај користи адаптирана верзија на рамката создадена од Мохамед Хафез и Крејтон Малинс (2015) за да ги претставија податоците и да ја организира анализата на извештајот
Thanks for your interest
If you find this publication useful, please consider making a small donation. Your support enables us to keep publishing.